ПОБЕДА ГОСТИН НА СКЕНДЕРБЕГ

Фудбал

Прволигашката пауза, поради репрезентативните настапи, екипата на Победа ќе ја искористи за меѓународен пријателски меч со албанскиот шампион и лидер на табелата, Скендербег. Дуелот е денеска во Корча. Претходно освоен е првенствен бод од Кратово (0-0), што би било задоволително, според очекувањата, ако не се земе предвид играта против домашниот Силекс. Во спротивно, прилепчаните треба да жалат за двата загубени бода, бидејќи имаа зрели шанси и играа 22 минути со човек повеќе на теренот. Во пресрет на мечот дома со Ренова, на 16 септември, се правеа напори за стекнување право за настап на Французинот Јаник Макота, кој ги приложил сите документи, а недостасувал само еден печат.

Табела: Работнички и А. Пандев 9, Шкендија и Вардар 8, Силекс и Победа 5, Ренова 4, Македонија ЃП и Шкупи 2, Беласица 1.

Loading