ЦК „Марко Цепенков“ го издаде првиот број на списанието за литература, уметност и култура Стремеж за 2018 година. На челно место е поезијата на полскиот поет Адам Загајевски, добитник на ,,Златен венец,, на СВП, во препев на Звонко Димоски. Рубриката Препеви и преводи донесува и неколку песни од Руми, препеани од Тихомир Јанчовски.
Во рубриката поезија застапени се најновите остварувања на Јачев, Апостолов, Иваноски, Павлески и Сарџоска. Меѓу прозата се расказите на Владимир Илиевски, Сузана Ѓорѓиевска и Маја Апостолоска. Новата рубрика насловена Нови гласови, ја промовира поезијата на 22 годишниот автор Андреј Ал-Асади.
Стреже донесува критики, есеи, студии осврт на романи.
Во рубриката Театар го донесува текстот на Тодор Кузманов посветен на 53-то издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински,, а рубриката Ин мемориам ги чува од заборав Матеја Матевски, Трајче Крстески и Лилјана Дирјан.
Во новата редакција се Габриела Стојаноска-Станоеска, Јовица Тасевски-Етернијан и Иван Антоновски.