МИГРАЦИЈА И ФЛУКТУАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ

Алармантен недостиг на работна сила

Загружувачки дефиците на работници од секави профиле

Се предлага увоз на работна сила по примерот на соседите

Screenshot 1

Стопанствениците се соочуваат со недостиг на работници, особено со соодветни профили и стручност, поради масовното иселување. Бизнисмените го вклучија алармот со знак итно. По иницијатива на комората формирана е работна група од сите менаџери за човекови ресурси од стопанството за регулирање и надминување на овие проблеми. Фактите се застрашувачки. Околу 538.000 граѓани од земјава се заминати во странство последниот временски период.

Од Регионалната стопанска комора предложија дури да се увези работна сила, според искуството на соседните држави. Реагираат на пад на дисциплината

– Сега недостасува работна сила воопшто, а до неодамна разговаравме за дефиците на едуцирана или истренирана работна сила. Ситуацијата не е подобра ниту во регионот. Во Босна е уште полоша. Албанија веќе е иселена, Младата популација на Хрватска, потенцијалната работна сила, го напушта регионот и оди во европските земји. Миграцијата не може да се спречи, меѓутоа мора да најдеме начин на национално и на регионално ниво како да се амортизира ударот и да не се направи економски негативен ефект на стопанството или капиталот во Прилеп и во нашата држава – рече Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора.

Според неа, во Комфи Ангел каде е управител, доколку порано во апликација за општ работник се јавувале 140 невработени, сега едвај се јавуваат 10 потенцијални кандидати. Тоа докажува дека е редуциран бројот на работноспособната популација.

Со губењето на работниците се губат потенцијалните потрошувачи, а со тоа изворот за полнењето на буџетот на државата.

-Треба да се направи одредена национална стратегија, да се откријат можностите на компаниите и нашата држава да увезува потенцијална работна сила, како што ќе покажат анализите. Бугарија увези работна сила од Индија и Кина. Може да го следиме тој чекор. Да им се овозможи на одредени странци да студираат со државна партиципација на факултетите. Бидејќи не само што се губи потенцијална работна сила, туку се губат потенцијалните потрошувачи, што влијае негативно на стопанството на домашниот пазар. Имено, 41 отсто од македонскиот буџет се полни од ДДВ. Со губење на потенцијалната потрошувачка популација, се намалува и ДДВ-то во буџетот – објаснува Јакимоска.

Дел од компаниите велат дека стипендирањето на учениците како во средните училишта, така и на факултетите е еден модел за задржување на младите.

– Како општествено одговорна компанија, Филип Морис – Тутунски комбинат инвестира 80 илјади долари воСОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,, во реновирање на 4 практични училници со цел добивање на едуциран млад кадар. Ни недостасува технички кадар, електро-машински инженери, електричари, бравари… Инвестицијата во училиштето е добредојдена. Ги повикувам сите бизнисмени да го следат овој чекор на вложување во кадри – изјави Кире Станкоски, директор на Тутунскии комбинат.

Голем дел од работоспособното население се вработи во странските компании. Македонските компании бараат еднакви услови како и странците.

Screenshot 2

– Витаминка се соочува со недостиг на технички кадар, среднисти, но и академски кадар. Одлична е иницијативата на Регионалната стопанска комора. Ја поддржуваме и партиципираме во насока да се изнајдат соодветни решенија за да го решиме или ублажиме овој проблем кој што е актуелен подолг период. Да ги направиме нашите компании поатрактивни на пазарот на трудот, предлагаме мерки во насока на тоа домашни компании да станат поконкурентни во однос на компаниите кои што работат во индустриските зони, кои вработуваат поголем број на работници. Ќе мора да предлагаме како регионална канцеларија некакви мерки, кои ќе нé стават на еднакво рамниште со странските фирми, бидејќи се соочуваме со одлив на работна сила во зоните, додека таму се корисници на накаква државна помош, која значително ги олеснува условите во однос на домашните компании. Тенденцијата на иселување во одредена мера не сеа запира. Меѓутоа постојат начини, постојат механизми со кои можеме да влијаеме да не биде иселувањето во толкав обем како што е во овој момент, или подолг период наназад – рече Орде Ѓорѓиоски, директор на правниот сектор во Витаминка.

Засега нема решение за најголемата причина за иселувањето, а тоа е ниската плата, која воопшто не е доволно за пристоен живот.

– Треба да се најдат начини, налик примерот на Тутунскиот комбинат. Компаниите да партиципираат во едукацијата, студирањето на младите. Ако им се даде стипендија, соодветна, адекватна и доволна, ќе се вртат да одговорат на обврските. Фирмите ќе ги стимулираат да останат во наредниот период. Сега е доцна. За в година ќе направиме точна анализа во образованието какви кадри технички, на пр. машинобравари се потребни, такви струки да има во училиштата. Со планирање се превенираат овие проблеми. Добро е што компаниите со странски капитал ги зголемуваат платите. Треба да се создадат услови да се задржат младите – вели градоначалникот Илија Јованоски.

Од Општината порачаа дека во иднина може многу повеќе да се искористуваат ЕУ фондовите младите да останат дома.

Наумоски почесен претседател

Стопанственикот, долгогодишен поранешен претседател на УО на Регионалната стопанска комора и претседател на управниот одбор на Витаминка, Симон Наумоски стана почесен претседател на УО на Регионална канцеларија на комората во Прилеп. За долгогодишниот ангажман, еснафската асоцијација му подари слика.

Наумоски е среќен што стопанствениците со различни политички симпатии, одлучувале заедно, ослободени од политичка заднина.

Loading