Промената на сезоната некогаш е тешко поднослива, особено кога се збогувате со топлите и сончеви денови, лесната облека и омилените летни активности. Есента изгледа депресивно, поради тмурното, дождливо и сиво време. Во септември може да се ужива уште малку на последните летни денови. Момент е за есенска подготовка.
Се стеснуваат летните чести прошетки. Есента носи пријатно, сончево време кое не е врел, погодно за уживање. Во дождливите денови добро е дел од слободното време да се посвети на омилена книга, филм или серија, или разговор со пријател. За уметничките души, есента е инспиративна.
Завиткани во топол кревет, не постои подобра приспивна песна од дождот. Се ужива во пријатниот, вечерен свеж воздух, полн со есенски мириси за добар сон. Најсигурно решение за добар сон е исполнет ден со движења. Потребни се најмалку седум часа сон за нормално функционирање следниот ден.
Искористеното сонце за бронзен тен се задржува подолго со мачкање на телото со соодветен крем по секое туширање.
Монотонијата се разбива со нешто што сте заборавиле да го правите или сте го правеле одамна. Посетувајте некој курс за спорт, слабеење, одржување на телото, јазик, танц. Или откријте го уметничкиот дар, најдете хоби што исполнува. Промената на домашната декорација влијае на одржување на летниот такт во есенски амбиент. Обезбедете ситници да бидете задоволни..
![]()

