Бујно творештво на Снежана Паноска
Збирката „Животен копнеж“ и детската „Брзозборливо“ се двете нови поетски творби на поетесата Снежана Паноска. Во првата се објавени 40 песни и една поема посветена на љубовта.
– Поетесата Бог ја дарува со непресушен талент, секој момент во себе да го претвори во стих. Песните се безвременски и секогаш се светлина на секое живо битие. Лириката е длабоко навлезена. Присутна е колоритноста од стилски, семантички и синтаксички изразни фигури… Посебно место има градациското таложење на стиховите и годините на човечкото постоење на земјиното тло – вели Цеца Видова Трајческа.
Втората книга со 72 песни е наменета за децата.
-Децата ќе читаат за Штурчето, за Две братчиња, за Сонцето, Првачето. за Ѕвончето што ѕвони, за тротинетот…за сите детски убавини – вели Билјана Тодоровска.
Паноска е член на Клубот на литературни творци Прилеп. Досега објавила три збрики поезија. Добитник е на награди.
![]()

