ЗАГИНА ПРИЛЕПЧАНЕЦ КАЈ ЛУКОИЛ

Педесет и едногодишен прилепчанец загина во сообраќајката што се случи на магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на бензинската пумпа Лукоил.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу товарно моторно возило Даф со приколка Коегел, со радовишки регистерски таблици управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко моторно возило Фиат Фиорина со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т. од Прилеп. Од здобиените повреди на местото на настанот на 27 август, почина возачот П.Т(51).

Се работи на целосно расчистување на случајот со извештајот на увидната екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот беше дадено на обдукција. 

Loading