ВО ТРИ КОМПАНИИ ВО ПРИЛЕП

Учесниците на школата за млади лидери

Comfy Angel

Три компании, лоцирани во нашиов град  посетија учесниците на 9. Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов се одржа од 20 до 31 август во Струга.  Им беше претставена тековната работа на фирмите Комфи Ангел, Микросам и Витаминка. Одблиску се запознаа со технолошките и производствените практики, историјатот на трите компании, како и плановите за идно делување.

– Самиот факт што нашата компанија Комфи Ангел е девет години со самиот проект и од самите почетоци ја поддржува оваа иницијатива на претседателот Иванов, покажува дека идејата е несебично поддржана од страна на нашата компанија и дефинитивно, производот којшто произлегува од овој проект е оној за кој сите се бориме – квалитетен човек, квалитетен лидер во нашето општество – изјави Ирена Јакимоска, косопственик на Комфи Ангел.

– Јас лично, но и како компанија Микросам ја поддржуваме таа иницијатива на претседателот Иванов и сметам дека иницијативата е одлична, за нашите млади луѓе да се здобијат со дополнителни вештини кои, според мене, не ги добиваат во традиционалното образование. Сметам дека е одлична иницијатива и треба да продолжи, изјави Фанија Самак од компанијата Микросам за роботика и композитни материјали. 

Shkola-Prilep-7-

Според Орде Ѓорѓиоски, директор на Секторот за правни и општи работи во компанијата за прехранбени производи Витаминка, кој лично бил  учесник на првата Школа за млади лидери во 2010 година, вмрежувањето е меѓу клучните придобивки од самата школа.

– Да соработуваш, комуницираш со млади луѓе, кои се сите лидери на некој начин во нивните области во кој работат, делува поттикувачки за секој еден млад човек или професионалец, и понатаму да вложува во сопствената кариера, во образованието – вели Ѓорѓиоски.

Shkola-Prilep-9

Програмата на годинашната Школа за млади лидери е фокусирана на најдобрите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на старт-ап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновациите воопшто.

На школата учествуваа триесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, Европа и светот кои ги пренесуваа своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

Shkola

Loading