КРИВИЧНА ЗА ПРЕВОЗ БЕЗ ЛИЦЕНЦА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Г.М.(50) во Кривогаштани за сторено кривично дело  вршење јавен превоз без поседување лиценца.

Како што информираат од МВР, на 24 јули во Кривогаштани,  од страна на полициски службеници, при контрола на товарно возило МАН, сопственост на пријавениот, од кое се растоварале дабови огревни дрва, било констатирано дека истиот не поседувал соодветна лиценца за превоз од Министерството за транспорт и врски на РМ.

Loading