КАВКАСКИ ЛЕК

lek

Кефир е вкусен и хранлив млечен пијалак, со потекло од Кавказ. Според легендата, зрната и инструкциите за  подготовка, староседелците ги добиле од пророкот Мухамед, заедно со заповедта за чување на тајната. Жителите на Кавказ, за кои се верува дека виталноста и долговечноста ја должат на секојдневното уживање на овој исцелувачки пијалак, со векови љубоморно ја чувале тајната за подготовка, сé додека во приказната се вмешала љубовта. За жал, несреќна.

На почетокот на 20 век убавата русинка Ирина Сакшарова го посетила Кисловодск, град во северниот Кавказ да го заведе и да извлече од принцот Бек-Мирза Бархоров неколку скапоцени зрна за подготовка на кефир. Првиот дел од планот успеал, но не и другиот. Вљубениот принц одбил да и ја исполни желбата на Ирина од страв од казна поради кршење на верските закони. Разочараната убавица се упатила  назад. Принцот не дозволил таа да го напушти и наредил киднапирање. Свадбата не успеала, откако придружбата на Ирина го известила царот за скандалозниот план на принцот. Огорчен од постапката на принцот, царот му наредил на принцот за навредата нанесена на Ирина да ја поправи со давање чаша кефирни зрна за подготовка на кефер.

Оттогаш кефирот  постепено се шири низ целиот свет и многумина се увериле во неговите лековити својства.

Вкусниот и освежителен пијалак е направен од т.н. кефирни габи, иако станува збор за симбиоза на корисните бактерии и габи. Кефирот  е добар за здравјето и лечи или помага во лекувањето на многу болести и заболувања. Редовното консумирање го зајакнува имунолошкиот систем,  го чисти телото од токсини, помага за воспоставување на нормален крвен притисок, го намалува нивото на холестерол, помага кај болести на желудникот, ја обновува флората и ги олеснува болестите на цревата, помага кај заболувањата на црниот дроб, бубрезите и жолчката, лекува воспалителни процеси, оти е природен антибиотик, помага при анемија и слаба циркулација, лечи респираторни болести, помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем, го забавува ширењето на клетките на ракот, ефикасен е против габички и бактери и помага кај болните од астма и алергии.

Индустрискиот кефир  не е направен со кефирната габа, туку со хмељ и  култури на бактерии кои на пијалакот му го даваат истиот вкус, но не и квалитет. Затоа, најдобро е да се подготви во домашни услови. Начинот е едноставен. Потребно е млеко и габи, односно кефирни зрна. При подготовката не се употребуваат метални чинии и лажици, бидејќи се намалува лековито дејство. За половина литар кефир потребни се две лажици зрна и било какво млеко (кравјо, овчо, козјо). Млекото може да биде  неварено или варено, но не смее да биде жешко. Препорачливо е млекото да не содржи помалку од 2,8% масти. Колку е поголема масленоста, толку е подобар кефирот. Млекото се тура во стаклен или пластичен сад. Се ставаат зрната. Се покрива содржината и се остава на собна температура не повисока од 30 степени 24 часа. За 24 часа течноста ќе се згусне. Може да се меша повремено за да се провери густината. После тоа, потребно да се процеди во пластична цедалка. Се тура во шише и се чува во фрижидер. Кефирните зрна се мијат со ладна или млака вода и по ден до два се остават во фрижидер, во ладна вода или млеко. Тие брзо ќе се размножат и ќе овозможат добивање на поголема количина од пијалакот. Количеството за подготовка се зголемува во сооднос со количината на зрната.

Напивката за одржување на здравјето и виталноста може да се пие  секојдневно. Се препорачува почеток со 1 дл и постепено зголемување  на количеството. За терапевтски цели треба да се пие еден литар кефир дневно.

Loading