ДРВЕН – ГОСПО ЗА ЖЕНАТА ШТО СЕ ОНАДЕЛА

Си бил некој селанец, добар човек по карактер. Имал некоја жена фукара, ненаситна за онадењ. Со кого и кога ќе í излегла шанса, се онадела. Го срамела чесниот и мирен маж. Не сакал да ја остави, да не страдаат децата. Мислел за чаре, без лекување, а да ја оттргне од таа работа. Напатениот селанец отишол кај еден лекар да му ја кажи маката.

Лекарот го ислушал и му рекол.

– Предлагам да ја донесиш жената во ординацијава. Ќе í се испрдиме на таквото, после ќе í смрди и сите ќе бегаат од нејзе – рекол докторот.

Селанецо го ислушал советот и му рекол.

– Убава ти е идејата – се заблагодарил и излегол.

Се почуствувал дека докторот се поиграва со него и се вратил и му рекол.

– Дали може нешто да го смениме планот?

– Како да не, само кажи – рекол лекарот.

– Јас сум од подалечно село. Да не правам многу денгуби со идење и утре, ако можи сега мене ти да ми се испрдиш на таквово. Кога ќе си појдам дома, ќе í го преносам нејзе. И ќе ја свршиме работа. Твојата смрдеја ќе í ја преносам. Белким ќе направиме некој себап – рекол селанецот.

Кога видел докторот со каков човек има работа, му рекол.

– Мрш, селски опинок, копиле едно – го истерал човекот од ординацијата.

Чесниот домаќин, одеќји дома и мислејќи по пат за спас на неговата чест,  се сетил дека ако проиграл дрвен – госпо, можеби ќе се куртули. Така направил. И удрил на жена си еден ќотек до посер. Оттогаш жената не можела на газо да си седни, а не да мисли на други мажи. Заборавила на такви работи.

Чесниот маж си рекол: Ако не помога севишниот, помога дрвен – госпо!

Loading