ДОМА НА 2 СЕПТЕМВРИ

Партизан

Екипата на Партизан Обршани според ждрепката за Втората лига – Исток првите две есенски кола ќе гостува. На стартот в сабота игра со Саса во Каменица, во второто коло гостува, на Брегалница во Штип. Дури во третото коло, на 2 септември, ќе биде домаќин. На стадионот кај Могилата ќе го пречека Борец. Од тимот на Горан Тодоровски, со многу нови играчи, се очекува атак на средината од табелата. Добро е да се освојат бодови на првите две кола оптимистички да се дочека првиот меч пред својата публика. Тогаш екипата ќе биде комплет, со враќањето на голманот Сркески од Германија.

Останати двојки: Вардар – Брегалница, Китго – Плачковица, Тиквеш – Кожуф, Детонит – Борец.

Loading