АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не инсистирајте да сте големо срце! Лекарите ќе ви дијагностицираат проширено срце!

Вчера невладин активист, денес владин, а утре?!

На давеникот подајте му рака, а не ракавица

Верувајте во соништата само ако верувате во себе

И денес има некои кои мислат преку Дивиот запад да стигнат до денешниот Запад

Од долгото фрлање прав во очи, тешко ќе дочекаме чист воздух

Кој фрла “бомби” не може да фрла “демократија”

Д-р Хаџи-Васков

Loading