ИН МЕМОРИАМ Трајче Башески

Trajce BaseskiВо 92 година од животот почина, стоматологот, специјалистот по орална максилофацијална хиругија доктор Трајче Башески. Тој е еден од основачите на  стоматологијата во прилепското здравство. Остави длабока трага како неуморен, енергичен и авторитетен граѓанин како основач на Здружението за заштита, активирање, уредување и одржување на Старите градски гробишта. Прилепчани до неодамна го познаваа и како најстар возач на автомобил, секогаш орен за насоката за реактивирање на гробишатата. Сметаше дека тие се непроценлив дел од градската историја и огледало на Прилеп. Заедно со многуте ентузијасти, успешно ја оконча долгата кампања со одлука на поранешните локални власти за повторно ставање во функција пред триесетина години. Беше непопустлив заговорник за градба на капела на старите гробишта како потреба на граѓаните. Веќе е изграден објектот што одамна го подготвуваше и за кој заедно со Здружението се собраа средства. Иако не го дочека комплетното финиширање, сепак вгради дел од својата способност за поставување темели и изградба по дваесетгодишни напори за извојување на дозвола за градба на значајната инфраструктура на гробишатата како што е насекаде во светот.

Башески е дипломиран стоматолог на универзитетот во Белград. Пред тоа бил учител во селото Тројаци. Еден е од основачите на Комуналната банка. Крај стоматолошкиот сол застанал пред 60 години и целиот работен век го минал со пациентите. Дал голем придонес во стоматолошко хируршката дејност во градот.

Добитник е на посебно признание за афирмирањето на задачите и целите на Македонското лекарско друштво во 1995 година. Носител е и на повеќе награди и признанија на здравствените работници од Прилеп и Кавадарци.

Loading