ШТЕРЈОВСКИ ВО КИНА, КРЧМАРЕВИЌ ВО ЖЕЛЕЗНИЧАР

Тренери

Минатата прволигашка сезона екипата на Победа смени тројца тренери однадвор. Беа добри стручњаци, затоа пак се ангажирани во добри клубови. Бтолчанецот Зоран Штерјовски замина во Кина  д абиде дел од Стручниот штаб на клубот Чингдао Џонун, воден од Србинот Александар Кристиќ. Екипата е второпласирана на второлигашката табела. Наследникот на Штерјовски, Србинот Слободан Крчмаревиќ, го води тимот на Железничар од Сараево. Како вицешампион од Премиер лигата во Босна, летово настапува во квалификациите од Лигата на Европа. Веќе ја мина првата пречка, Транс од Естонија.         Црногорецот Славољуб Бубања го презеде ,,кормилото,, на Бокељ, второлигаш во Црна Гора.

Loading