МУСТАФОВ ГО СОБОРИ ПИРИН

Победа

Екипата на Победа цела недела е во Банско, Бугарија на втората фаза од подготовките. Покрај секојдневни тренинзи, има и тест-натпревари. На стадионот во Разлог со 0-1 беше совладан домашниот ривал, со голот на Мустафов, а по додавање на Каланоски. Прилепскиот тим има понуди и од други тимови, како Пирин Благоевград, Ботев, и ќе одигра уште неколку пријателски. Играчкиот кадар е подновен со деветмина: повратниците – голманот Ванче Манчевски (Беласица), за врска Бурхан Мустафов (Албанија), сосема новите – Христијан Драгарски, Ристе Марковски (Пелистер), Антонио Каланоски (Борец), Саше Шопоски (Тиквеш), Трајче Ефремов (Брегалница Ш), Ангелче Тимовски (Силекс), Владимир Жоглев (Осогово), Богдан Мандиќ (Србија). Списокот не е затворен. Се очекува уште некој нов, со најавата за доаѓање уште на четворица – двајца од странство, двајца домашни. Претходно беше тестот во Струмица со Беласица (победа од 0-1).

По враќањето, на 29 јули, планирана е генерална проба против гевгелиски Кожуф.

Loading