СТЕЧАЈ ЗА ЕУРОКОМПОЗИТ?

,,Пуштањето под стечај на Еурокомпозит е една од опциите кои е разгледува за трајно решавање на државната воена фабрика,,.

Ова го изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој истакна дека стечаите не се секогаш негативни, а тоа се докажало во случајот со ФЕНИ, каков што модел се планира да се примени и во Еурокомпозит. Според Анѓушев овој модел би бил подобар, отколку да се чека приватизација на компанијата.

– Сметките на Еурокомпозит подолго време се блокирани, односно согласно законот за стечај, тој ги исполнува условите да биде во стечај. Тоа не се прави додека не се најде инвеститор што ќе предложи реорганизација на компанијата, како во ФЕНИ. Доколку најдеме разбирање со инвеститори, а со неколку такви веќе разговараме, може да се примени вториот законски модел за санирање на состојбата во Еурокомпозит да не се чека долгиот пат на приватизација – изјави Анѓушев.

Синдикатот на Еурокомпозит се согласува со ова решение кое било разгледувано и им било предложено додека штрајкувале пред Владата. Тие се согласуваат да се спроведе истиот модел на решавање како во ФЕНИ.

– Мислиме дека единствен излез е да се копира решението од ФЕНИ. Прво да се најде купувач, да се појде под стечај, купувачот да ја превземе фирмата со обврските спрема вработеноите и доверителите. Што се однесува до пакетот за технолошки вишок, направени се списоците за 120 вработени и се испратени до Владата – истакнал Роберт Богданоски, претседател на синдикат на Еурокомпозит.

Се очекува вработените да добијат по 2 плати, односно по 30.000 денари. Со одлуката на Владата, Еурокомпозит ќе позајми 11 милиони денари од ЕЛЕМ и МЕПСО. Инаку вработените во Еурокомпозит, чии загуби се проценуваат на пет милиони евра, не зеле 18 плати и придонеси за минатите шест години. Од понеделникот тече работниот процес во Еурокомпозит. 

Loading