СЕ ПОДГОТВУВА „КАЗИМИР И КАРОЛИНА“

На сцената од театарот

4 Akterite ucesnici vo novata  pretstava

 

„Казимир и Каролина„ текст од Еден фон Хорват, во режија на Нела Витошевиќ, е претставата што ја подготвува ансамблот на театарот. Процесот е на маса, односно е во фаза на читачките проби. Поинтензивно ќе продолжи во септември, бидејќи премиерата ќе биде на почеток на октомври.

-Продолжува задоволството во трета соработка со театарот. Драмата на Германецот Еден фон Хорват е напишана во 1932 година. Првпат се поставува во Македонија. Проектот се занимава со скршените соништа, кои некако до некоја возраст сме ги негувале, а подоцна кога ќе се скршат, животот продолжува по инерција. Ќе се прозбори колку денешната љубов меѓу двајца млади е условена од економскиот аспект, дали сме во трка со времето за позиција, за пари или кога ги нема парите, дали љубовта може да опстои – вели Витошевиќ.

Ќе играат Катерина Ч. Клинческа, Никола Настоски, Наташа Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски,  Јасмина М. Станкоска, Игор Трпчески, Александар Тодески.               

Нела Витошевиќ ги режираше ,,Сон на летната ноќ,, и ,,Змејовата невеста,,.

Loading