ПЕТОК 13 – ЖИВОТ СО БАБИНИ ДЕВЕТИНИ

Суеверие

Забележувањта на предметите со среќнаа или несреќна нитка

1-sueverija-i-narodni-veruvanja-vo-svetot-www.kafepauza.mk

Се сеќавате како деца кога први ќе допревте оџачар за среќа. Мали икончиња, крстови сега се носат и ставаат по автомобилите за среќа. Се носат амајлии, талисмани. Ксмет беше и белото глувче и четирилисната детелина, кои, ако се најдат или се видат се скокаше од радост. Слично е откритието на јоргованов цвет со три листа. Се исполнуваат желбите.

Ако чешаат ушите – ќе врне, или рацете ќе се земат пари. Ако пееш кога јадеш ќе се омажиш или ожениш со тој или таа кои не ги сакаш. Ако се скршело огледалцето, претстои седум години несреќа. Се фрлало сол преку левото рамо на гроб да не се сонува мртовецот. Се истура вода при одење на испит лесно да мине полагањето.

Се верува дека носењето една облека носи среќа. Но, постои суеверие дека кога во петок ќе биде 13-тиот ден во месецот е баксуз, несреќа. Наместо самовилите доаѓаат вампирите, магиите, се осваруваат лоши пророштва. Тоа го претскажуваат гатачите, бајачите кои понекогаш стојат пред икони или стаклена топка.

На свадбата се постила бел чаршав, бракот да биде вековит. Две невести не се гледат при венчавка да не им се заменат судбините. Ако го фатиш букетот од невестата, брзо ќе се омажиш. На бебето не му се става в уста риба да прозбори, туку метле под перничето да го чува од уроци.

black-cat-editАко црна мачка, го пресечи патот, се сметало дека е лош знак и носи несреќа. Ова суеверие е од пред повеќе години кога мачката се сметала за свето животно. Се верува дека мачката има девет животи. Кога луѓето почнале да веруваат во вештерки мислеле дека црните мачки се всушност преправени вештерки.

Денес луѓето веруваат дека некои работи се баксуз, а некои носат среќа. Поинтелигентните повеќе веруваат дека тоа се “бабини деветини”, иако некои прифаќаа вакви мислења водени од разни мотиви и влијание на културата, менталитетот, логиката… И порано и сега се верувало дека од дланката може да се чита судбината, преку различните знаци. Најстаро суеверие се смета дека е астрологијата. Гледајќи го небото, ѕвездите, месечината, сонцето и светлосните и темните промени, луѓето верувале дека тоа се богови. Подоцна астролозите изработиле хороскопи. Гледањето во талогот од филџанот со кафе со разни фигури и нивното толкување е своевидно суеверие. Па толкување на соништа, гледање на карти и што ли уште не.

Луѓето се плашат од баксузниот петок, 13 -ти. Велат дека носел несреќа. Во трката со времето се заборава датумот, така што помладите го искоренуваат ова мислење.

Постојат безброј верувања одомаќинети кај луѓето и станале дел од животот, живеат со нив и по тие правила.

koi-se-najpoznatite-sueverija

Има безброј празноверија за кои некои велат дека се лажна вера, која ги влече во пропаст. Но, има луѓе кои веруваат во Бог и во суеверија. За православието, суеверието е заблуда и христијанската вера се оградува од него. Бегството се прави со правилно усвојување на Божјиот закон. Празноверијата се опасни за човекот, оти му носат страдање. Човекот од секогаш сé што правел, правел од незнаење и страв од природата. Денес науката ги осветлува сите нејасни појави. Од волјата и интелигенцијата зависи дали се сака нешто да прошири и да се научи или да се прифати менталитетот на претците.

Борбата против суеверието е силна верба која е штит. 

sueverija

Loading