ОТКРИЕНИ НОВИ АРТЕФАКТИ НА СТИБЕРА

2 stibera krie mnogu tajni

Три мермерни блока со натписи на грчки алфабет се откриени во годинашните истражувања на локалитетот Стибера кај Чепигово. Археологот Душко Темелкоски од Завод и музеј, вели дека се работи за таинствена градба до храмот на богињата Тихе – заштитничка на Стибера.

-На трите мермерни блока стои натпис со грчи алфабет. Според дешифрирањето во кое помогна колешката Весна Калпакоска од Битола, на блокови пишува: ,,Кефалон, виден граѓанин на Стибера, син на Еуболит, донирал средства за градба овој објект,, – појаснува Темелковски.

Објектот беше откриен лани. Првично се мисли дека е објект за обредни ритуали за храмот, зашто има бунар. Со овие натписи, се отвораат други можности. Пронајдена е и керамика и накит, но во јавните објекти секогаш подвижните наоди се во мал број.

Стибера била град со 20.000 жители, активен околу 500 години. Конкретно, од 3 век пред, до 3 век од нашата ера. На Стибера” се истражува од 50-ите години на минатиот век. Тој е најпознат македонски локалитет според пронајдените мермерни статуи, уметнички изработени од квалитетен мермер. Најголем проблем за доистражување се нерешените имотно-правни односи, бидејќи парцелите на кои треба да се копа се во приватна сопственост..

Досега се откриени гимназионот, односно училиштето, храмот на богињата Тихе, работилница, бројни мермерни статуи кои, дел, се во Музејот на Македонија.

Loading