НАГРАДИ ЗА НАШИ ПОЕТИ

На манифестацијата Поетски синтези

Прилепските поети Тони Павлески и Андриана Ристеска, членови на Клубот на литературни творци се закитија со награди на конкурсот на Здружението за наука и култура ,,Нова,, од Битола. На Павлески му беше врачена втората награда за книгата Говорот на љубовта, а на Ристеска третата награда за првенецот, книгата,  Цвет во аманет.

Десеттото издание на манифестацијата го афирмира и негува македонскиот јазик, литература и култура. 

Loading