Бабини марифети
Кога ќе слушнете некоја мудрост од вашата баба, ви се чини дека е стара глупост без врска со денешнината. Особено за некои медицински и лековити трикови кои се чудни со оглед на тоа колку е напредна медицината. Но, науката застанала на нивна страна. Многу бабини мудрости се корисни совети.
Појадокот е најважниот оброк во денот. Тој го раздвижува метаболизмот, го подигнува нивото на шеќер во крвта до најздраво ниво. Луѓето кои појадуваат живеат подолго.
Не голтајте ја гумата за џвакање, оти може да доведи до блокада на цревата, но и други компликации.
Едно јаболко на ден е здравје за борбата против разни болести. Корисно е за оние кои боледуваат од рак. Оваа бабина мудрост треба секојдневно да се применува.
Морковот не лечи слепило, но бета каротинот го намалува ризикот од ослабување на видот во староста.
Пилешката супа има анти-воспалително својство. Ги смирува воспаленијата на респираторните органи. Бабите се во право кога велат дека треба да јаде супи да спречите некој вирус кој предизвикува настинка.
Не пливајте со полн стомак, оти кога јадете крвта се спушта во желудникот. Кога вежбате таа се движи низ целото тело и не ја доработува соодветно внесената храна и може да предизвика грчеви.