ЕДНА БИЛКА – ИЛЈАДА ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА

kopriva

Копривата ефикасно ги спречува воспаленијата и поттикнува исфрлање на штетните материи и камен од бубрезите. Младите листови според вкусот потсетуваат на спанаќот, но содржат петпати повеќе калциум и шестпати повеќе витамин Ц.

Растението се користи поради лековитите својства докажани од современата медицина. Копривата е природен лек за слабокрвност, опаѓање на косата, ревматизам и болки во зглобовите, чир на желудникот, треска, несоница и нервоза. Има висока витаминска вредност. Се препорачува во исхраната. Содржи многу белковини, јаглехидрати, масти, а од минералите калциум, фосфор, магнезиум, витамините Ц, А, Б2, Б5, К, каротен, пантотенска киселина, лецитин и танин.

Копривата е совршен прочистувач на крвта. Богата е со хлорофил кој помага за обновување на оштетените клетки и го подобрува снабдувањето на мозокот со кислород. Помага при проблемите со акните. Се препорачува и кај инфекциите во устата, афтите или воспаление на непцата. Копривата е ефикасна и кај пролетните алергии. Пред користењето на сируп, екстракт или чај, важна е консултацијата со лекар.

Чајот од коприва ги прочистува белите дробови, цревата, црниот дроб и желудникот.

Loading