ЗА И ПРОТИВ ВЕГЕТАРИЈАНСТВОТО

vegetarijanska hrana

Ако сакате да симнете некој килограм, време е да пробате вегетаријанска диета. Вегетаријаните не јадат месо, риба, јајца или млечни производи. Наместо тоа, јадат свежо овошје и зеленчук, грав и мешунки, како и растително млеко и месни алтернативи. Изборот на вегетаријанскиот начин на живот има здравствени придобивки. Диетите со зеленчук и овошје помагаат да се загуби значително количество тежина. Според повеќе истражувања тежината опаѓа, бидејќи се конзумира нискокалорична храна.

Дали овој пристап е здрав? Исклучувањето на некоја храна може да изгледа нездраво. Ако не обрнете внимание на исхраната, може да биде опасно по здравјето. Грижата доаѓа поради отсуството на протеини од животинско потекло и витамин Б-12. Овој витамин  го има само храната со животинско потекло. Недостатокот може да резултира со анемија. Вегетаријанците треба да ја дополнат исхраната со витамини, производи од соја да се избегнат недостатоците. Вегетаријанската диета е поврзана со сериозни ризици, како што е опасноста од дијабетес од тип 2 и срцеви заболувања. Без оглед на ова, може да се јаде здрава храна и да се ослаби без последици по здравјето. Клучот на сите диети е фокусиран на густи хранливи материи, наспроти празни калории. Затоа треба да се конзумира свежо овошје и зеленчук, грав и мешунки, ореви и семиња.

Жените треба да јадат 2.000 калории дневно да ја одржат тежината, а за да ја намалат околу 1.500 калории. Мажите треба да јадат 2.500 калории секој ден да ја задржат тежината или 2.000 калории да ослабат.

Постојат многу фактори кои влијаат на губење на тежината, вклучувајќи возраст, височина, тежина, исхрана, нивоа на физичка активност и метаболичко здравје. Не се контролираат сите фактори. Но, може да се контролира исхраната и нејзината потрошувачка со разни физички активности. Времето на оброците е од суштинско значење за подобрување на метаболизам и промовирање на здрави навики во исхраната. Пожелно е да се јаде во исто време секој ден и да се воспостави рамнотежа. Првин, обилен појадок во споредба со другите оброци. Следните и треба да бидат помали, а вечерата симболична.

Се препорачува внес на протеини од околу грам на килограм телесна тежина или 4 калории на грам протеини. На 60 килограми, 60 грама или 240 калории протеини секој ден.

Пред да отворите газиран или густ сок, размислете колку калории содржи. Свежо исцеден сок од портокал содржи околу 279 калории. Водата останува најдобар извор за слабеење. Ако не пиете вода, исцедите лимон или  сварете некој чај.

Loading