ЛЕТНО ПРАВИЛНО ЧУВАЊЕ НА НАМИРНИЦИТЕ

Неколку совети за одржување на намирниците летно време за да не се  фрла храната.

Печурките се чуваат во хартиени кесички во фрижидер, а не во пластични, оти тие создаваат влага и побрзо се расипуваат. Јаткастите плодови потпечете ги веднаш штом ќе ги купите и ставете ги во стаклени тегли. Чувајте ги на темно место. Ѓумбирот се чува во замрзнувач. Полесно се ренда и се лупи, а и подолго трае. Незрелите домати се чуваат во хартиена кеса, со стебленцето надолу на сончево место побрзо да дозреат. Зрелите домати не се чуваат на светлина, но на собна температура. Презреаните домати се одржуваат во фрижидер. Пред консумирање извадете ги на собна температура неколку минути. Целерот и брокулата се покриваат со алуминиумска фолија и се чуваат во фрижидер. Ќе бидат свежи повеќе од 4 недели. Црвен или бел кромид се чува во шпајз. Може да трае и 8 месеци. Исто е и за лукот, но не е пожелно да бидат на исто место со компирите. Така побрзо ќе се расипе. Тукушто набран магдонос, босилек, коријандер се чува како набрано цвеќе. Им се сечат стебленцата, се ставаат во вода, се прекриваат со пластична кесичка и се чуваат во фрижидер. Остануваат свежи и крцкави со недели. Искисната зелена салата се чува во сад. Се покрива со кујнска крпа, па со пластична фолија. Крпата ја впива влагата и салатата  останува свежа. Бананите се купуваат споени. Не се кршат една по една. Се чуваат на собна температура. Со пластична фолија им се обложуваат стебленцата да траат некој ден плус.

Loading