ЦРВЕНА ЈАБУКА И ШАБАН ШАУЛИЌ

Пивофест 2018

promo pivofest 4

Од 12 до 15 јули, Прилеп по 16-ти пат ќе биде домаќин на најголемиот фестивал на пивото и скарата не само во Македонија, туку и пошироко, Пивофест 2018. Различните видови пиво, прочуената прилепска скара и богатата музичка понуда, се најголемите причини Прилеп да биде центар на забавата четири дена. Ентфинити е агенцијата која е организатор на Пивофест 2018.

todorovic– Смисливме стратегија да понудиме музичка програма од четврток до недела за сите посетители од 7 до 77 години. Очекуваме голема посетеност и се ќе мине во најдобар ред. Одлично соработуваме со општинските служби. Програмата е прилагодена за сите посетители, независно од музичките афинитети. Ќе се проследат познати музички имиња од Македонија и од странство, меѓу кои Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, ди џеј Мозел, Ван Гог, Црвена Јабука, Кирил Џајковски, Милица Тодоровиќ, Џенан Лончаревиќ, Дарио, Тони Зен и други – вели Дарко Манасијески, управител на  Ентфинити.

 

 

 

sabanОпштината склучи меморандум за соработка со агенцијата Ентфинити. 

–  Општината ќе биде логистика и поддржувач, затоа што Прилеп ќе биде туристичка дестинација. Сите патишта во Македонија ќе водат кон Прилеп. Советот на Општината оддвои 2.5 милиона денари. Надлежните служби имаа координациуја да ги синхронизираат активностите да се обезбедат потребните аспекти: квалитетна храна, хигиена, инсталации за вода и струја за штандовите. Пожарникарите, полицијата и итната медицинска помош ќе бидат присутни 24 часа. ЈП ПУП ќе се грижи за паркирањето на возилата, кое наместо досегашните 100 денари, ќе биде 50 денари за еден ден – вели градоначалникот Илија Јованоски.

Zelko JoksimovikПивофест 2018 ќе се одржи во центарот на градот на 29 локации  на 4176 м2. 

Туш кабини на Могила

И оваа година на Паркот на револуцијата ќе биде организирано кампување за посетителите од другите градови, за кои ќе бидат обезбедени топли напитоци и супа, а ЈКП Комуналец ќе постави туш кабини.             

Loading