МАМЕЦ ОСТАНУВА ДРЖАВЕН ШАМПИОН

ribiari

Уште еден триумф на екипата на СРК Мамец. Станува збор за освојување на првото место во лов на риба со јадица на пливка за 2018 година по завршувањето на дравното првенство. Во последното коло на Мавровското езеро екипата во состав Блаже и Рубин Николоски, Кирил Груески И Кире Талески се закитија со титулата државни прваци.

Блаже Николоски во поединецна конкуренција го освои второто место.

Браќата Николоски ќе бидат во составот на македонската репрезентација на Европското првенство во Словенија  на средината на јули.

 И наследниците, кадетската екипа, станаа вицешампиони за 2018 година на првенството во Дојран. Екипата до 15 год во состав Лука Калески, Петар Шијакоски, Дамјан Димкоски и Анамарија Николоски покажаа дека се надежни риболовци пред кои стои светла спортска иднина

Калески, четвртпат стана државен првак, а Петар Шијакоски го освои второто место.

ribari 2

Loading