ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ДОБРОВОЛНИТЕ ПАКЕТИ

Во Тутунскиот комбинат

2 Tutunski kombinat prilep

 

Вработените на Тутунскиот комбинат покажаа голем интерес за финансиските пакети за доброволно заминување од компанијата. На последниот ден за аплицирање за отпремнина се пријавиле голем број на работници. Комбинатот го презеде овој чекор за заокружување на реорганизацијата за поголема ефикасност.

-Процесот почна од 2016 година и се одвиваше во фази да се создадат совршени услови за исполнување на секоја етапа и постигнување на најдобри резултати. Заради ваквиот пристап, и интересот на вработените беше голем. Создадовме услови и пакети со кои секој добива. Работиме напорно и воспоставивме финансиска стабилност што ќе овозможи да се подобри ефикасноста и профитабилноста на компанијата – изјави Кире Станкоски, генералниот директор.

Изминатите години Комбинатот се соочуваше со прекумерно вработување што го спречуваше ефикасното работење. Процесот на доброволно заминување беше спроведен во координација со Синдикатот кој ги поддржа заложбите за ревитализација на компанијата.

-Создадена е поволна состојба за сите. Посебно за вработените кои доброволно ќе ја напуштат компанијата, бидејќи висината на финансискиот недомест е одличена. Вработените и синдикатот беа консултирани во секоја фаза и затоа направивме многу значаен чекор. Ова е последно реструктурање во ваков формат и затоа и интересот од вработените беше голем – рече Игор Китаноски од синдикатот на Комбинатот.

Тутунски комбинат бележи позитивни години по стратешкото партнерство со Филип Морис. Со процесот на реструктуирање, како и со модернизацијата помогнати од Филип Морис, со подобрување на квалитетот на производите и со проширеното портфолио во согласност со потребите на потрошувачите, се очекува Комбинатот да ја зголеми функционалноста и оперативноста.

Loading