ДАМЕСКИ НА МЕСТОТО ОД РИСТЕСКИ

dameskiСмена во затворската управа

Александар Дамески, поранешен секретар на СДСМ во Прилеп, вработен во локалната самоуправа во Кривогаштани, е именуван за нов директор на затворот во Прилеп. Тој доаѓа на местото на Слободанчо Ристески, кого Владата пред неколку дена го разреши од раководната функција. Смената дојде поради сомнежите за несовесно работење на Ристески, за што јавното обвинителство доби пријава од надлежните служби.

Ристески падна од челната позиција по девет месеци. Лани во август Владата го назначи за прв човек на затворот.

Loading