БАБИНИ ФИНТИ ПРОТИВ КОМАРЦИ И МУВИ

babini sovetiКако со здрави и мирисни билки ќе го освежите просторот и ќе се  изборите  со здодевните муви и комарци.

Измешајте неколку гранчиња рузмарин и неколку суви ловорови листови. Иситнете ги на парчиња и ставете ги во укарасен тајнир. Тајнирот ставете го во кујната близу до корпата за отпадоци или во близна на местата каде има најмногу муви. Билките имаат интензивен мирис кој домаќините нема да го почувствуваат, а ќе го освежи просторот и ќе ги истера мувите и комарците.

Измешајте една чаша вода и 25 капки етерично масло од мента. Мешавината ставете ја во шишенце со распрскувач и прснете во просторијата. Ментата има многу нежен и убав мирис кој делува позитивно на дишните патишта, а мувите никако не го сакаат.

На прозорците или балконот засадете неколку стебла лаванда, коприва, лимон, магдонос, босилек и нане. Нивниот мирис не го поднесуваат комарците.

Лимонот има природни антиинфламаторни и анестетички својства. Ефикасен е за намалување на отокот од убодот од комарец. Лимон истријте на местото отокот. Може да додадете и босилек. Сода бикарбоната го спречува чешањето, ако растворите лажичка сода бикарбона во чаша вода. Држете со крпа на местото 10 до 20 минути.

И лукот и кромидот го намалуваат отокот. Сомелете лук и кромид и смесата нанесете ја на отокот. По неколку минути измијте ја кожата.

Солта е одличен лек против оток и чешање. Со малку воида се правиу паста која се нанесува на местотот на канувањето. По неколку минути се мие. Марзот и ниската температура го забавува предизвикувањето на оток од комарец. Местото третирано со коцка мраз го спречува чешањето.

Loading