СВЕТЛО КАМЧЕ ВО КУЛТУРНИОТ МОЗАИК

Заврши 53-от МТФ „Војдан Чернодрински“

Со доделувањето на наградите се спушта завесата на 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, кое годинава во официјална конкуренција понуди 12 претстави. Во чест на наградените ќе се изведе претставата ,,Не сега, драга,, во режија на Коле Ангеловски, на театарот Комедија.   

 Седумдневниот празник на театарот изложи врвни дострели на македонските театарски ансамбли, редејќи уште едно светло камче во мозаикот на историјата на културата.

Фестивалот заокружи и две трибини. Се одржа и промоција на театарска литература меѓу два фестивала и понуди богата придружна програма на надежни актери режисери, студенти на ФДУ.

Loading