Семејството на пензионерот Блаже Анески стана побогато за милион денари. Се усреќија со инстант лоз.
Иако Блаже имал неколку помали добивки, за добивка од милион денари, секогаш бил скептичен дека тоа е „наместено,,. Никогаш не претпоставувал дека токму тој ќе биде добитник. Среќата го изненадила. Тој години имал навика секое утро да купува по два лоза. Како и секогаш, купил два и отишол дома, пиејќи го кафето си го пробал ксметот. Со сопругата не им се верувало дека буџетот ќе им се зголеми за милионче. Го викнале синот да ја провери добивката и да ги изброи нулите.
Семејството Анески е побезгрижно со добивката.