Ќе се подигне спомен плоча на Ненад Серафимоски, припадник на полициските сили кој го загуби животот во Диво Насеље. Спомен – плочата ќе биде во паркот кај Основниот суд. Советниците дадоа зелено светло на предлог одлуката за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележјето во чест на Серафимоски.
-Иницијативата е на семејството на загинатиот припадник на полициските сили Ненад Серафимоски, кој извршувајќи ја својата должност загина во Диво насеље – рече претседателот на Советот Миле Талески.
Сеафимоски има прилепско потекло. Мајка му е прилепчанка, а и баба му живее во Прилеп.