СЕДУМ БИЛКИ ПРОТИВ РАК

prepared-ginger-tea

Ѓумбирот одамна се користи како лек против сé. Може да се користи свеж, во мелена форма (ѓумбир зачин) или кандиран. Консумирањето во комбинација со било кои лекови против мачнина, нуди комфорт за болниот стомак при лекувањето од рак.

Средоземната билка рузмарин е силен извор на антиоксиданси. Обично се користи во медитеранските кујни. Примарна состојка е во италијанските зачини. Рузмаринот помога во детоксификација, лошо варење на храната, гасови и надуеност и други дигестивни проблеми. Со пиење на три чаши чај дневно од листови, се олеснувааат овие проблеми.

Куркумата е билка од семејството на ѓумбир. Жолтата боја содржи активни состојки со антиоксидантни и анти-воспалителни својства. Штити од развој на рак. Куркумата игра улога во превенцијата и лекување на некои видови рак на дебелото црево, простата, дојката и рак на кожата.

Чили пиперката содржи состојка што олеснува болка. Кога се нанесува нејзиниот капсаицин надворешно на кожата, тој ослободува хемиска супстанца наречена П. Со континуирана употреба, се намалува болката. Со чили пиперките се ракува внимателно, бидејќи можат да предизвикаат изгоретини ако дојдат во допир со кожата. Затоа доктор треба да препише крем на база на капсаицин после операција за рак. Чили пиперката помага при лошо варење со внесување на мали дози.

Лукот содржи висока доза на сулфур и е добар извор на аргинин, олигосахариди, флавоноиди и селен, се корисни за здравјето. Алицинот му го дава карактеристичниот мирис. Зголеменото консумирање на лук го намалува ризикот од рак на стомакот, дебелото црево, хранопроводот, панкреасот и дојката. Тој штити од рак преку повеќе механизми, вклучувајќи и инхибирање на бактеријални инфекции и формирањето на супстанции што предизвикуваат рак, промовирање на обнова на ДНК и поттикнување смрт на клетките на рак. Лукот поттикнува детоксификација и го поддржува имуниот систем. Помага во намалување на крвниот притисок.

Питомото нане се користи илјадници години како дигестивно помагало при олеснување на гасови, лошо варење, грчеви и дијареа. Помога на раздразливо црево и труење со храна. Нането ги смирува мускулите на стомакот и го подобрува текот на жолчта, овозможувајќи и на храната да мине побрзо низ стомакот. Доколку ракот или третманот го вознемирува стомакот, пијте чаша чај од нане. Листовите може да се свежи или суви. Нането смирува и воспаление на грлото. Понекогаш се користи за олеснување на болни рани на устата од хемотерапија и радијација. Клучна состојка е при лекување на овој здравствен проблем.

Камилицата се користи низ историјата за лекување на разни болести. Помага при проблеми со спиењето. Напијте се силен чај од камилица пред легнување и ќе имате длабок сон. Со камилица се третираат рани во устата предизвикани од хемотерапија. Подгответе чај, оставете да се излади и правете гаргара почесто. Чајот од камилица се справува со стомачните болки и грчеви.

Loading