НАГОРАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО!

Мајтапења

Во паркот на драпачките многу актери и статисти поседнале по клупите. Личат на парламентарна сала, во која само стриковците Рампо и Цане место да седат, стојат, на лик на горните и долни домови на Запад.

– Рампо, Цане и ја морам да седнам. Ама клупава ко водена ми се гледа. Имам мака со хаубава. Че настинам –  праша еден од стотина кила кому мевот и гушата му станале едно.

– И да седниш че бидиш ко да стојш, бате – се налути Цане.

– Сеедно, од тебе ни бела, ни црна, не сме слушнале – му рече стрико Рампо.

– Можи да ет, можи да неет ко шо велите. Дојден сум да прашам – вели “грамадниот”.

– Прашај, не се тегај ко гумарабика – го прекори Цане!

– Читам за преселбава од парков во Домон. Ви се чудам на умот. Ептен сте биле задрти. Која будала ко че врни, че дој овде – праша “големио”.

– Кажуј шо сакаш, за да не те пратиме от кај шо си дојден?

– Господа засмејувачи, ептен сте биле дудуци и вие и позеленетиве – констатира соговорникот.

– Зошто?

– Докажувате дека сте резил. И нас нé резилите. Си ја резилите и фамилијата, и партијата, и улицата… Да беше некој од улица порно че напрајше – ги прокуди тој.

– Поочитуван дојденец, да продолжиме парламентарно. Насобраниов народ слуша и гледа шо трици јадиш. Не можа крај со крај да си кла, а мора твојте педерлаци да ги слуша. Бати протуренио, шо мана најде – луто праша Цане.

– Да се чудиш. Нема ни запирка. Ништо не сте клале. Не разбрав дали че се повлекуваме од ко че врни и дали чојме во Домон – изведе чуденка “големиот”.

– Ако тргниме кон критизерот, се може да се случи. Ќе ја дотераме до турканици и тупаници. Немој да врејџаш, прибери се да не те прибериме. Кај те донесе тој со една нога – свикаа колку гласот ги држи.

– Сус, мир. Дозволено е кој сака нека кажува. Не даскали. Треба да се усогласуваме. Забелешки че ги претресуваме и овде и во Домон. 

– Ај европејцки и тро по наше да се однесуваме. Ме разочаравте ептен. Дојде да се драпаме со сериозна работа. Вие ко трупци, ко да не ја знајте мудроста: “Нагорам ти черко, сети се снао…”. И вие сте ми биле мајтапчии, курнази! Ај здраво – рече дебелиот и си замина.

Насамарените драпачи останаа скиснати.

ДДБ

Loading