МРАЧНИОТ ЛАВИРИНТ ВО УТРОБАТА НА ЗЕМЈАТА

Мелничката пештера во Мариово

Раскошни анонимни скулптури вајала природата милиони години

images 1Најголемата и ненаселена област во земјава, Мариово, е атрактивна дестинација за трагачите по возбуди. Меѓу привлечните локации секако е Мелничката пештера, долга најмалку 700 метри. Спелеолозите ја познаваат за  таинствена, оти е полна со неизвесни тунели, канали како лавиринт. Окното предизвикува, бидејќи отвора неповторлива панорама на Мариово.

Пред да се слезе во утробата на планината треба да се знае дека постојат две пештери, Мелничка 1 и 2. Едната е кратка, стотина метри.

Такаречи до ,,вратата,, се природните декорации, сталагмити, сталактити, вешто извајани со ери од уметникот, виртуоз, природата. Украсите се на влезот, оти пештерата е термална, формирана со топли води. Стара е неколку милиони години. Спелеолозите секоја година í одземаат од анонимноста крак по крак, метар по метар, тунел по тунел, се провнуват во темнината и, на свои стручни методи, ја одбележуваат, ја мапираат. Така се истражува веќе 10 години.

Според стручнаците, ретки се термалните пештери, оти водата доаѓа од длабочината, а не од височината со милиони години. Остаток од милениумите е изворот со вода од 25 степени. Специфичноста е во лавиринтскиот карактер. По кусиот тесен влез што се минува на колена, доаѓа проширување и првата одаја.

Pesterata Ramniste mamka za ljubopitni

Љубопитството зрачи адреналин. Мракот и стравот од непознатото уште повеќе ја засилува желбата за нови сознанија, откривани со мала батериска светилка.  Наместо да претставува товар, лазењето по каналите и опасностите што демнат предизвикуваат возбуда. Еден од таваните фасцинира. ,,Налепен.. е со висечки карпи, скулптури. И подот е привлечен, оти е послан со лизгави и влажни камења. Таваните се во различни релјефни форми. Гушнува вечната темнина и мами за потрага по нови доживувања.

Восхитени се аматерите спелеолози. Импресиите им се бројни. Не можат да ги подредат. Чудесно и незаборавно е доживувањето кога човек се предава на милоста на непредвидливата природа. За искусните спелеолози секоја  посета е ново добредојде во пештерата, ново откривање, нова возбуда.

Во Македонија има околу 500 пештери, кои не се формално евидентирани. 

18557490 1353992664669745 4529183884184150885 n

Виделина за Рaмниште

Пештерата Рамниште се наоѓа во атарот на селото Крстец. Природата ја креирала во конгломерат во подножјето на планината Козјак, северно од Прилеп. Таа има хоризонтален и вертикален влез. Над 1500 посетители го задоволиле љубопитството за ,,средба,, со низвесноста на мракот на планината. Благодарение на планинарите, Рамниште повеќепати е осветлувана да биде на очиглед на многу авантуристи.

Пештерата е долга 110 метри и има откриени три простории. Во една од се доаѓа преку вертикалниот влез со висок таван од околу 10 метри со спуштање со јаже. Тој дел е најбогат со украси, сталактити, сталагмити и сливови. Третата просторија ја нарекуваат “невестинска”, затоа што е обложена со бигор во бела боја.

Некои ја нарекуваат “духова” пештера, бидејќи се посетува за верскиот празник Духовден. Внатре има неколку кобли со вода – места каде прокапува водата и луѓето веруваат дека водата е добра за здравје. Полнат вода и оставаат пари. Има монети уште од бугарско време, од 1912 година. 

На планината Козјак има и две јами од 30 и 80 метри.

Loading