Фудбал
Според очекувањата, Тони Мегленски ја доби довербата од Управата на Победа, така што и наесен ќе го води тимот во прволигашките предизвици. Очигледно, договорот е постигнат на големо задоволство.
-Лесно се договоривме, поаѓајќи од заедничката визија-играчите, тренерите, раководството, градот и навивачите, сите заедно да ја вратиме Победа во фудбалска Европа. Таму каде што 10 години последователно успешно ги претставувавме Прилеп и Македонија. Натаму клубот мора максимално да се професионализира, да се изработи стратегија, клупски план-рече Мегленски.
Подготовките се планираат со старт околу 20 јуни, а дотогаш се преговорите со потенцијалните засилувања.