ЌЕ СЕ ПОДИГНЕ И ТРПЕЗАРИЈА

Во црквата во Точила

Нема да се плаќа надомест за уредување на градежно земјиште за изградба на црковна трпезарија со административен дел, во состав на храмот Св. Преподобна маченица Параскева во Точила. Советниците изгласаа одлука за ослободување.

Со изградбата на придружните објекти ќе се заокружи комплексот во дворот на црквата Света Петка која се подигна после 100 години. Храмот се градеше со години од донации од бизнис секторот, граѓаните, од верниците и од институциите. Комплетно ќе се доуреди просторот околу црквата со административниот дел. Внатрешноста е фрескоживописана, олтарскиот дел и двете кубиња. Иконостасот и олтарскиот дел се од мермер.

Инаку, црквата е градена во византиско – црковен стил.

Loading