ДЕВОЈКА ПОДОБРА ОД МАШКИТЕ

Стрелаштво

Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка за национална програма во Скопје, беше успешно за членовите на клубот Стрелец. Особено блесна 14-годишната Ирина Јованоска. Таа постигна рекорден резултат од 180 круга, најдобар во пионерска конкуренција во последните 10 години. Најдобра не е само кај пионерките, туку и кај пионерите. Беше предводник на екипата во која беа уште Фросина Конеска со 130 круга и Ивона Бундоска со 112.

Екипата го освои третото место.

Loading