50 ДЕНАРИ ЗА ПАРКИНГ ЗА ПИВОФЕСТ

pIVOFEST

Паркингот за време на Пивофестот  годинава ќе чини 50 денари. Намалена е цената за паркирање на моторни возила. Советниците одлучија наместо 100, да се плаќа само 50 денари.

Советот донесе одлука за потпишување на меморандум за соработка меѓу Општината  и организаторот на Пивофест 2018, фирмата од Скопје, Ентфинити.  Локацијата ќе биде како и досега, во центарот на градот. Со одлука на Советот утврдена е територијата, која ќе ја опфаќа една од најпознатите манифестации. Подготовките течат.

Не е обелоденета програмата. Се знае само дека 16-то издание ќе се одржи од 12 до 15 јули.

ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА МАСИ И СТОЛИЦИ НА ПЛОЧНИК

Се зголемува просторот за поставување на маси и столици на плочникот. Членовите на општинскиот Совет изгласаа Одлука за утврдување на критериумите и стандардите за поставување на урбана опрема, со која се зголемува опфатот на користење на јавна површина пред деловните објекти на градскиот плоштад. Ако досега максимумот беше до 4.5 метри, сега е до 6 метри.

Loading