КРАСТАЈЦИ

-Ајде, ама да се загреме со по една или….

-Чекај, не се задевај,треба бистри да бидиме.

-Некако заматен сум па со една на брзина да се разбистриме.

-Е бе Гога, колку си паметен. Ко велиш така, свикај по една.

-Е па шо јас, грлово, ме дери нешто денеска, гласо ми е земен. Ај бе Диме, ти се слуша!

-А,кој умрел?

-Ми се еба мајката, И ја најдов од кого да барам. Гоки носи за сефте!

-Ко че си платите за минатата сабота,тогај.

-А бе че ти плати Атата. Нека ги земи парите од кај Глембајо,

-Ко шо плати некни?

-Ами се случува некогаш и тој да зачори, ама денеска секако куби.

-Добро, ама че си платите и за некни.

-Е, било муабет, ебаго. Само доноси. Ајде мислители да видиме шо смисливте! Има некој предлог, вака набрзина, за именце на еснафо наш?

-Мислев, мислев и смислив дека најдобро че ни стој името,Патоси!

-Најди поарно. Ова Патоси грдо име, како исполегнати на душеме или на ругузина. Не мојше нешо поарно да смислиш? Барем нешто со седење?

-Оти шо не е вистина?

-Не е лага, ама е срамоте. То не е за кажување камо ли за фирма, за на чело.

-Можи за внатрешна употреба, ама за надвор, не. Бриши. Не драпај и ти шо не е за драпање.

-Ми текна. Нека биди Драпачи

-Не е лошо, поарно е од дрпачи или кркачи, дупачи, ама… Ај бе Жика, гугни.

-Тврдокорни!

-Ете арен предлог. Така, нешто јако тврдо. Такви сме, нескршливи. Како ти текна, жити кафанава?

-Лесно. Потврди од нас нема. Тврд поглед, тврда столица, капс Кралче, шо се чудиш, тврди на уши, тврди на раце, а најтврди во глата. Ела некој да не убеди во нешто спротивно. Босанец не ни е рамен. А па да не откорни некој, само нека проба. Тешко него. Че му пукни мајасоло. Како велевме порано, Катото од Металец че одкажи. Ко че пуштиме корен, нарочито во сабота, до кај Богета расти. Ако сака некој да не откорни и таму зулум че напрај. По секој дотур на гориво, коренот само се разгранува, цврстината се зголемува, тврдокорноста нема крај.

-Шубо вели! А Туте?

-Џабе не се дружам со него, ако не е така. Најтврдокорен ни е.

-Браво за муабето, шо велиш за уште по една?

-Рано е, да не ми викаш такси за еден сат. Еве ми го комшијата, златен е тој. Мора да има добар предлог. Најискусен е, а Ата? Бувни еден придонес за имево на еснафо наш.

-Крастајци!

-Шо е сега, мајтап. Има полно, за прави си или за криви?

-И прави и искривени и криви, секакви крастајци сме. То име најмногу ни одговара.

-Жити Тасета?

-Жими Тасета

-Салам велиш?

-Ами како.

-Од пазар да не го донесе името или од кај ханџиине.

-На кривинана го загинал некој, па ја го најдов, крастајци едни,

-А ти шо си ?

-Ами и јас, ако бев поарен, не трчав право овде.

-Абе шо ни фали, суво злато сме. А не крастајци, ајде како личи некој да речи Атата крастајцата, или за Кралчево да речат Кралче крастајца или за попо,попо крастајца,па за Диме двојазична крастајца. Извини Ата ама предлогот не ти е на место. Навредлив е. Ханџиине, да не ти го зеле дандило, па сега овде да ни се истураш.

-Не сум ко Абрашо, па да ме дера. Му зедов две стотки.

-Горан носи по една, жити баце Пејо. Дојде Атата ја донесе уплатата! А за името нема дае брзаме. И не сме само ние. Че ни се налутат другине ограноци. Да ги слушниме и членојте од кај  Кумата, кај Муло, кај Камберо, Балче, Томче… Шо се вели, да ја слушниме и опозицијата. Има и таму квалитетни глаи. Че данекој предлог, че треба сложено име за да се задоволат сите. То ти се вика мудрос, компромис, демократија. Че почекаме некое време. Ама нема само да чекаме, оти некој во Битола чекајчи папсал… Гоки шо чекаш? Калезба? Дури не се премисли Атата дај без салата и мезе. Клод.

Џага Дур

Loading