ТИРАМИСУ ЗА ЕДНА МУНУТА

torta

Кога треба за кратко време да направите нешто слатко и брзо, овој рецепт е опција.

Состојки: 120 гр, шеќер во прав, 300 гр. слатка павлака, 250 гр. маскарпоне сирење, екстракт од ванила, бисквити, темно чоколадо,, ладно и силно црно кафе,

Во садот се става шеќерот во прав, се додава слатка павлака и заедно добро се меша. Во другата чинија треба да ставите маскарпоне со екстрактот од ванила и тоа добро да го промешате. Мешавината од марскапоне и ванила треба да се стави во шлагот и сето тоа добро да се измеша. Бисквитите потоа треба да се поделат на половина, да се натопат во кафето и потоа да се стават во садот за служење. Откако ќе се прелијат бисквитите со смесата, врз нив треба да се изренда темно чоколадо.

Loading