ШАНСА ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА

Чешкиот амбасадор меѓу стопанствениците и локалните власти

komorap1

Зачленување и вклучување на прилепските компании во електронската база на податоци на компаниите од Чешка за подобра соработка и поголема трговска размена во идинина. Ова беше еден од предлозите од средбата меѓу чешкиот амбасадор Мирослав Томан и претставниците на Регионалната стопанска комора.

Инаку, трговската размена за 2017 година меѓу Чешка и Македонија била околу 178 милиони долари.

-Инвестирање на чешки пари во Прилеп и другите градови е цел не само на амбасадата туку и на дел од чешките министерства задолжени за проширување на соработките од интернационален карактер. Чешка не само што ги поддржува и се занимава со културни и едукациски акции, туку ја акцентира економската соработка. Можност би можел да биде и македонскиот мермер. – истакна амбасадор на Чешка во Македонија, Томан.

 -Во нивниот информациски систем со сите компании можат да се претстават и да бидат достапни за компаниите од чешкиот пазар и компании од Македонија. Некои наши фирми имаат искуство со Чешка, а некои очекуваат соработка – вели Горан Попоски, извршен директор на Регионалната стопанска комора.

Чешкиот амбасадор ја посети и локалната самоуправа.

Loading