ДОНИРАНИ ЕЛЕКТРИЧНИ КРЕВЕТИ ОД ЛОНДОН

В болница

kreveti

Вкупно 44 електрични болнички кревети и дополнителна медицинска опрема доби болницата преку хуманитарната донација од меѓународните организации ,,Пламен на Мирот,, од Виена Суверен болнички ред “Св. Јован од Ерусалим”, Ротари клубот Прилеп и Лајонс клубот Вардар од Скопје. Донацијата е вредна околу 40 илјади евра. Престојот на пациентите ќе биде попријатен со прилагодување на положбата во болничките кревети.

Донирањето на електрични болнички кревети почнал уште во декември 2017 година, кога Суверениот болнички ред ,,Св. Јован од Ерусалим,, најавил дека има контингент користени болнички кревети од болницата Св. Џорџ од Лондон.

Loading