Точно 25 матурани по 57 години од полагањето на испитот на зрелоста се собраа да се сретнат уште еднаш и да ги поделат спомените од младите луди години од средношколството. Се одзваа на поканата дедовци и баби од Скопје, па и од Струмица. Доктори, професори, инженери во пензија најавија пак да се сретнат без разлика на возраста.
Гимназијалците на возраст од 75 години седнаа во клупите. Во знак на одбележувањето на годишнината од матурирањето се скрстија на заедничка трпеза и запеаа песна. За среќа, ги држи умот. Уште им е како срча да споделат меморија за случките од средношколските денови. Не им тежеа годините, туку им блескаат лицата од радост.
-Како вчера да бевме средношколци, а минаа 57 години. Се чувствуваме млади со духот, иако сме навлезени во осмата деценија од животната приказна – изјави Михаил Ежов.
-Бевме сиромашни и скромни, но со богат дух. Не сме изветвеле во умот -рече Борче Костоски.
-Да сме здрави и живи и да се среќаваме пак – заврши Глигур Иваноски, поранешен градоначалник на Прилеп.