БЛЕСОК НА ОКТЕТОТ „ПРИЛЕП“ ВО СТРУМИЦА

oktet prilep vo strumica

Четиригласната хармонична изведба на песната „Не стој Доне Донке“ на октетот „Прилеп“ ги крена на нозе и ги воодушеви струмичани на фестивалот на негувачи на староградски македонски песни. Публиката буквално не можеше да престане со аплаузи и побара бис по четирите песни на прилепската група која дваесетина години се труди и успева да ја зачува и одржи од заборавот, но и да ја афирмира староградската песна. Меѓу шесте групи од домаќините, валандовчани, гевгеличани, радовишани и гостите од Петрич, од Бугарија,  прилепските синхронизирани гласови блеснаа и уште еднаш демонстрираа дека се врвни пеачи, иако се аматерски состав.

Loading