СТО ДЕЦА ВО НОВАТА ГРАДИНКА ВО ОУ „РАМПО ЛЕВКАТА“

Околу сто деца ќе бидат згрижени во новиот адаптиран простор за детска градинка во ОУ „Рампо Левката“, со што ќе се намали недостигот за згрижувачки капацитети во предучилишните установи и притисокот на родителите.

Објектот од 331 м2, располага со посебен влез, 4 занимални, дистрибутивна кујна, 4 санитарни простории за деца, санитарна просторија за возрасни, кујна, ходник, просторија за вработени, соба за изолација и внатрешен двор.

Градоначалникот Илија Јованоски обелодени дека се работи на проектна документација за изградба на градинка во Точила. Тој се надева дека градинката ќе се изгради следната година.

-Две компании бараат законска можност за јавно приватно партнерство со Општината за градба на детски градинки за потребите на нивните вработени –  изјави Јованоски.

Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовка соопшти дека   биле вложени 1,6 милиони денари за опремување на просторот.

Дискиминација или не?

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини локалните власти дека партиската книшка на СДСМ е шифра за обезбедување место на децата во градинките. Според партиското соопштение, скандалозна е објавата на медиумите дека во детските градинки има место само за децата на истакнати членови на СДСМ. Ова говори дека власт е дискриминаторска. Не им беше доста вработувањето на внуците, братучедите и другите роднини, па по партиски клуч сместуваат и деца во градинките. Во списоците излезени во јавност, во графата ,,Мајка,, стојат имиња како Валентин, Христијан пазари, Ирена УЈП и слично кои потсетуваат на истакнати членови и функционери во СДСМ. Ова е срамно и досега невидено. ВМРО-ДПМНЕ бара итно одговори од градоначалникот, директорот на ЈОУГД Наша Иднина, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и прашува дали со поделбата на децата од вмровски семејства и деца од семејства симпатизери на СДС, граѓаните ќе добијат подобар живот?

Loading