СТАРТ СО „ЉУБОВНИТЕ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА“

На фестивалот на монодрамата во Битола

Foto Figurae veneris  historiae

Ансамблот на театарот со претставата „Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска вечерва гостува во Битола на отворањето на 20. издание на фестивалот на монодрама.

Низ дијалозите и монолозите, актерите оригинално отвораат бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста. Приказната демонстрира последици на војната врз човечкиот род.

Loading