ПРИЛЕПСКАТА ПИВАРНИЦА ДОНИРА МАШИНА ЗА МЕТЕЊЕ

Metalka

За почисти улици и намалување на штетните ПМ 10 честички, Прилепската пиварница демонстрира висок степен на општествена одговорност. На Комуналец му е подарен нов автомобил, машина за метење улици. Новината е плод на соработката на градоначалникот Илија Јованоски и менаџментот на Пиварница.

Генералниот директор на Прилепската пиварница Сашо Самарџиоски истакнува дека само со успешна соработка со новата локална гарнитура може да се даде максимален придонес не само во развојните планови на компанијата, туку и во развојот на заедницата.

-Со градоначалникот повеќепати разговаравме за потребите на градот, на јавните претпријатија. Оттука се роди иницијативата за набавка на современа автомобил машина за чистење улици, што е ставен на располагање на Комуналец. Овде не прекинува соработката. Само преку и взаемно разбирање се остваруваат развојните планови и на компанијата и работи на доброто на сите граѓани – изјави Самарџиоски.

Градоначалникот Јованоски ги повикува и другите претпријатија кои располагаат со одреден фонд за помош на заедницата да го дадат својот придонес за поубав Прилеп.

Како општествено одговорна компанија Пиварницата отсекогаш ги помагала сите проекти и настани во градот.

Loading