
Пре почетокот на летните горештини дознајте дека одредени растенија имаат моќ да ја намалат топлината и да ја зголемат влажноста во животниот простор. Подсршка на клима уредите, изолациите, затемнувањата, ролетните од куќата или станот се растенијата кои се идеални за создавање на поволна микроклима во животниот амбиент. Тие создаваат удобна атмосфера ја стабилизираат влажноста на воздухот и ослободуваат кислород, дури впиваат штетните материи.
Алое вера е една од најкорисните и освежувачки билки во станбениот простор. Таа не само што ја одржува внатрешната температура, туку и ги отстранува штетните состојки од воздухот. Чудесното растение располага со бројни здравствени предности.
Арека палмата е најдобрата собна билка. Таа има својство на природен навлажнувач на воздухот дома. Со неа, животниот простор се одржува свеж и ладен. Палмата е врвен природен пречистувач на воздухот. Растението не е тешка за одржување и одгледување. Отпорно е на болести.

Сансеверијата е единствена по полезните својства. Кај нас е позната под името ,,свекрвин јазик,,, а во светот и како ,,индијанско перо,, и ,змија-билка,,, поради специфичните шари и облик. Успева на слабо осветлени и светли места. Отпорна е на прашина и на загаден воздух. Оваа билка ги апсорбира токсичните елементи и ги неутрализира штетните гасови, задржувајќи ја влагата во домот.

Фикусот најпопуларно собно растенија. Покрај температурата, фикусот ја смалува и загаденоста во просторот за живеење. Зелената билка го навлажнува и збогатува воздухот со кислород, ја апсорбира топлината, ги неутрализира токсинит. Широките листови ја држат и прашината во собата. Одржувањето е едноставно, бидејќи е издржлив на сончева светлина и умерени количини на вода.

Домашниот папрат важи за најдобар навлажнувач на ентериерот. Успева и во простории каде што нема многу природна светлина, ја сака влагата, а не бара претерана нега. Го прочистува воздухот, неутрализирајќи ги штетните ефекти на токсините. Покрај чистењето и освежувањето на амбиентот, ја контролира и топлината во животниот простор.

![]()

