Модерниот начин на исхрана остава траги врз здравјето. Како резултат на тоа предвреме остарува човечкиот организам. Организмот се тревожи од лошата и неправилна исхрана. Се јавуваат забрзани чекори на симптомите на стареење. Еве некои совети како да го забавите стареење на организмот.
Губење на меморијата немаат само постарите луѓе. Проблеми имаат и помладите. Против деменцијата организмот се бори со внесување на омега-3 мрсни киселини неопходни за добро функционирање на мозокот. Пресудна не е количината, туку соодносот на омега-3 и омега-6 мрсните киселини. Затоа јадете риба, ореви, бадеми и ленено семе. Помагаат и таблетите со гинко билоба.
За регулирање на крвниот притисок се препорачува повеќе калиум преку здрава исхрана. Калиумот го има најмногу во доматите. Недостатокот го удвојува токсичното дејство на солта. Консумирање на солена храна е штетно. Бидете внимателни со таблетите со калиум, бидејќи може да доведат до аритмија и до други кардиолошки проблеми. Во одредени ситуации, организмот бара повеќе сол со вода, особено при топлите денови поради обилното потење. Затоа се препорачува жетварската салата, толчен лук, краставица, магдонос, оцет, сол, масло и вода. Салатата освежува, бидејќи содрижи сол и вода. Лукот и оцетот го штитат организмот од бактерии.
Недостатокот на енергија најчесто се поврзува со витаминот Б12, кој го има во храната од животинско потекло. Помага во создавањето на енергијата, клучна за здравјето на мозокот и на нервниот систем.
Болките во зглобовите, во колената и во рацете најчесто се резултат на недостаток на магнезиум и на бакар. Двата елемента се нужни за здравјето на зглобните, рскавиците и нивната флексибилност. Јаткастите плодови како што се бадемите, лешниците, оревите, фстците и други, говедското месо и спанаќот се одлични извори на овие два елемента.
И на крајот како заклучок: доколку внимавате на исхраната можно е дури и за неколку дена да намалите некои од наведените симптоми и проблеми, а ако продолжите со правилен режим на исхрана и консумирате здрава храна, можете и да го забавите предвременото стареење на вашиот организам.